Солскјер бара трпение: Клоп четири години го градеше овој Ливерпул

twitter.com/LarryCh49598510

Менаџерот на Манчестер јунајтед и покрај поразот од Барнли ја доби поддршката од управата.

Манчестер јунајтед се наоѓа во голема криза, екипата е на делба од 5.до 7. место и полека го губи здивот во битката за четвртото место кое носи пласман во Лигата на шампионите, но управата нема намера да го менува менаџерот Оле Гунар Солскјер.

Управниот одбор одлучли Солскјер да ја води екипата до крајот на сезоната, а менаџерот побара трпение какво што имаа челните луѓе на Ливерпул со Јирген Клоп.

– Моето мислење е дека мораше многу да работиме. Можете да видите дека и останатите екипи многу добро работат. Јирген Клоп четири години го градеше тимот и сега им оди повеќе од добро. Досега повторив неколку пати, не може ништо да се направи на брзина – изјави Солскјер кој најави дека нема да има големи промени во тимот во зимскиот преоден рок.

– Нема да носиме осум или 10 нови фудбалери во еден преоден рок. Јануари е тежок за било какви трансфери, па ни останува летниот преоден рок иако моментно се обидуваме да направиме нешто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот