
Соло патник кој ја посетил цела Европа откри каде се чувствува најбезбедно: На неговата листа се најдоа и земји од соседството
Холандскиот креатор на содржини за патувања, Лук Патрик Хогмед, патува сам и ги посетил речиси сите земји во Европа. Во една од своите објави на социјалните мрежи тој откри каде се чувствувал најбезбедно, пишува „Дејли мејл“.
Препорачано
Како што вели, за соло патник, Источна Европа се покажала како една од најдобрите локации.
„Ова се десетте најбезбедни земји во Европа врз основа на моето искуство. Патував во речиси сите европски земји повеќе пати, па моето мислење не се базира на едно добро или лошо патување што го имав во една земја. Како што можете да видите, има многу источноевропски земји на оваа листа. Тоа не е случајност“, рекол тој во објава на Инстаграм.

„Источна Европа е многу побезбедна во споредба со Западот. Особено големите градови во Западна и Северна Европа не се толку безбедни како што би очекувале“, додал тој.
Лук објасни дека големите источноевропски градови обично се „неверојатно безбедни, чисти и пријателски расположени кон патниците“.
На врвот на неговата листа е Полска, која привлекува милиони туристи секоја година со својата храна и импресивна архитектура.

„Две години подоцна, моето мислење не се промени. Сè уште сум заљубен во сите источноевропски земји и нема да престанам да ги истражувам додека не ги посетам сите оддалечени села што можам да ги најдам!“, напишал тој.
Лук, исто така, откри каде мисли дека е најбезбедно надвор од Источна Европа.
„Финска, Данска и Португалија се најдоа на листата“, објаснил тој, пред да ја сподели својата најдобра дестинација во Европа воопшто.
„Португалија е генерално мојата омилена земја во Западна Европа“, открил тој.

Данска се најде на второ место на листата на Лук, по што следуваат Унгарија и Финска на третото и четвртото место.
Друга источноевропска дестинација, Чешка, се најде на петтото место. Босна и Херцеговина, во Југоисточна Европа, се најде на шестото место, додека Словенија и Србија се најдоа на седмото и осмото.
Омилената дестинација на Лук, Португалија, се најде на деветтото место, а Романија на десеттото место на листата.