СОЛИДАРНОСТ НА ДЕЛО: Украинска министерка ќе мине две недели во карантин со евакуираните од Вухан

Објавувајќи селфи на својата Фејсбук страна Скалетска рече дека ќе помине две недели во карантин, а своите должности ќе ги извршува преку телефон и скајп.

Министерката за здравство на Украина Зорјана Скалетска денеска им се придружи на евакуираните од Кина во болнички карантин во знак на солидарност, по стравувањата дека евентуалното ширење на коронавирус ќе предизвика судири меѓу демонстрантите и полицијата.

Објавувајќи селфи на својата Фејсбук страна Скалетска рече дека ќе помине две недели во карантин, а своите должности ќе ги извршува преку телефон и скајп.

Сите во болницата се чувствуваат добро и никој не покажува знаци на инфекција, рече таа. „Конечно сум во просторијата каде ќе ги поминам следните две недели”, напиша таа.

Скалетска одлучи да им се придружи на луѓето во карантин, откако жителите на Нов Санжари, каде се наоѓа болницата, се судрија со полицијата, палеја гуми и фрлаа проектили кон конвојот автобуси со луѓе евакуирани од Кина.

И покрај повторените уверувања од властите, демонстрантите се загрижени дека може да се заразат со вирусот и сакаат евакуирани лица да бидат преместени.

Скалетска рече дека е вџашена од она што го опиша како паника и агресија кон евакуираните и се надева дека со личен пример ќе влијае врз луѓето да го променат својот став.

По повод овој настан разочараност изрази и украинскиот претседател Володомир Зеленски. Во нападот врз автобусите со Украинци евакуирани од Вухан повредени се деветмина полицајци и еден цивил.

– Постојано зборуваме дека Украина е Европа, но да бидам искрен, вчера, за жал, изгледавме како Европа од Средниот век. Да не заборавиме дека сите сме луѓе, а она што се случи не можам да го опишам како човечко однесување, истакна Зеленски.

Украинскиот премиер Олексиј Гончарук, од друга страна, оцени дека „војната со информации” придонела за ширење на паника во земјата и недоверба поради коронавирусот.

Жителите на Нови Санзхари со камења ги пречекаа евакуираните од Вухан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот