СОЛЕНАТА ВОДА ГИ УНИШТИ МОЗАИЦИТЕ: Милиони евра потребни за РЕСТАВРАЦИЈА на Св. Марко

Фото: Принтскрин

За познатата базилика Свети Марко во Венеција ќе бидат потребни милиони евра за реставрација, откако неделава беше поплавена по шести пат во 1.200 години, а нејзините деликатни мермерни мозаици беа изложени на разорната солена вода, изјави нејзиниот кустос.

Свети Марко, личната капела на дуждот на Венеција во средновековниот и ренесансниот период, е најпознатиот објект во мноштвото споменици кои беа загрозени од најтешките поплави регистрирани во Венеција од 1872 година досега.

Експертите стравуваат од корозивните кристали на солта, кои кога се повлекуваат поплавите, можат да го разјадат мермерниот под на базиликата и мозаиците на површината, и да ја ослабнат криптата што го поддржува телото на црквата.

Венеција претрпе штета од стотици милиони евра кога водата оваа недела го достигна второто највисоко ниво во последните 50 години.

Осигурителните компании нема да дадат помош затоа што одбиваат да обезбедат покриеност од поплави во град каде што тоа е редовна појава и која се влошува под влијание на климатските промени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот