Сокот од нане ќе ви реши бројни здравствени проблеми

Фото: Профимедиа

Иако малку е познато, освен како чај и како зачин, нането може да се користи и за подготовка на сок, со кој значително ќе си го подобрите здравјето.

Па така, доколку сакате да го пробате овој чудотворен напиток, вие за кратко време ќе бидете сведоци на бројни промени на телото како што се:

– намалување на симптомите на настинка

– елиминирање на лошиот здив

– помага во регулирањето на менструалниот циклус

– ги намалува симптомите на менструација и менопауза

– помага во редовното празнење на цревата

За да го подготвите сокот од нане кој мора да биде во комбинација со лимон, потребни ќе ви бидат следните состојки:

2 литри вода

200 гр шеќер

10 врвчиња свежо нане

1 лимон (сокот од лимонот)

Подготовка:

Водата и шеќерот потребно е да ги оставите да зовријат а потоа да ги оставите да се оладат.

Откако водата и шеќерот ќе ја достигнат посакуваната температура, потребно е во неа да го ставите нането и заедно да ги оставите да отстојат најмалку 24 часа. Откако ќе помине потребното време, процедете ја смесата и додадете го лимоновиот сок.

Вака подготвениот сок, потребно е да се пие секогаш кога ќе почувствувате жед. Овој напиток, ќе ви ја даде потребната енергија за непречено извршување на секојдневниот обврски, ќе ви помогне полесно да се справите со летните

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот