Сок од портокал кога ќе се прејадете

Без оглед дали сакаме тоа да го признаеме, прејадувањето е честа појава, особено за време на славите и празниците, кога пред да се опоравите од еден оброк, се наоѓате пред ново искушение. Без оглед од која храна сте се прејале, последица се вознемирени црева, надуеност, дијареа, запек… Еве како можете да си помогнете.

Цеден сок од портокал
После големи количини храна проблемот со варењето е последица од недостаток на киселина во желудникот. Во тој случај природната киселина во портокалот може да биде корисна. За таа цел најдобар е исцеден сок од портокал.

Ким
Иако неколку часа по прејадувањето сигурно не размислувате за храна, а уште помалку за зачинета храна, имајте на ум дека зачините можат да ви го смират стомакот. Кимот, на пример го стимулира црниот дроб да лачи повеќе, па телото полесно ќе го свари вишокот храна.

Јаболков оцет
Јаболковиот оцет го стимулира варењето, ама секако, не би требало да го консумирате како таков. Измешајте една лажица оцет со една лажица мед и шолја вода за да го смирите стомакот. Исто така, можете и во поголема чаша со вода да ставите само оцет, без мед и на тој начин да си помогнете ако имате запек.

Ориз
Белиот ориз е лесен и содржи малку влакна, така што стомакот не мора премногу да се мачи да го свари. Денот по прејадувањето предвид доаѓаат и тост и варен компир кои ќе ги смират осетливите црева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот