Народната медицина препознава многу алтернативни начини за почистување на телото, од консумирање маслиново масло наутро, до сокови кои помагаат во таа намена.
Ова е еден таков рецепт:
500 мл провриена, па оладена вода
6 свежи лимони
Парче свеж ѓумбир
3 грејпфрута
Една рамна лажичка мелен ким
5 листа свежо нане
3 лажички масло од ленено семе
Подготовка:
Исцедете ги лимоните и грејпфрутите. Ѓумбирот изблендирајте го со малку вода. Измешајте во исцедениот сок, потоа додадете го кимот и маслото, измешајте со водата и ставете го нането да отстои и чувајте ја смесата во фрижидер.
Наутро протресете го шишето и пијте по 200 мл пред појадок.
Домашен сок од јагоди БЕЗ КОНЗЕРВАНСИ, одличен за лето (РЕЦЕПТ)