Сок од 3 моќни намирници со кои ќе ги стопите килограмите

Губењето на килограми е процес во кој треба да се обврне внимание на голем број фактори.

Освен физичката активност и контролираната диета која никако не вклучува гладување, во овој процес можат да помогнат и мали нутриционистички трикови.

Еден од нив е сокот од три моќни состојки кој ефикасно го намалува чувството на глад, го забрзува метаболизмот, обезбедува енергија и му помага на телото да ги исфрли вишокот маснотии.

Пијалокот од јаболков оцет и медот е стар сојузник во губење на килограмите, а сега му се придружува и грејпфрутот, кој, меѓу другото, го стабилизира нивото на шеќер во крвта и ефикасно ги разложува мастите.

Состојки:

– 1 чаша сок од свеж грејпфрут
– 2 лажички јаболков оцет
– 1 лажичка мед

Подготовка:

1. Измешајте сè добро додека состојките целосно не се поврзат.

2. Сокот пијте го пред сите три големи оброци (доручек, ручек, вечера).

3. Постапката повторете ја секој ден, 7 дена по ред, потоа направете пауза од една недела и повторете ја постапката.

4. Ако не ја поднесувате горчината на грејпфрут, секој втор ден заменете го со сок од свеж портокал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот