Сојот Омикрон идентификуван и во Црна Гора

Ковид тест
Ковид тест, илустрација / Фото: EPA-EFE/JULIEN WARNAND

Прв случај на сојот Омикрон на коронавирусот во Црна Гора е откриен во едно семејство, чиј член неодамна допатувал од Јоханесбург, соопшти денеска црногорскиот Институт за јавно здравје.

– Сите контакти се во изолација. Сите членови на семејството се во добро состојба со благи симптоми, се наведува во соопштението.

Жената заразена со нов сој Омикрон пристигнала во Црна Гора од Јужна Африка на крајот на ноември, а на летот за Франкфурт било во авион со лице со потврден омикрон вирус. Таа не е вакцинирана против Ковид-19.

Во Црна Гора од почетокот на пандемијата се заразиле 158.283 луѓе и регистрирани се 2.324 смртни случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот