Софтверската апликација го десеткува организираниот криминал

Фото: EPA-EFE/DEAN LEWINS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Апсењата се извршени по истрагата на австралиската федерална полиција и ФБИ, кои тајно ги следеле комуникациите на истакнати претставници на криминалниот свет, откако претходно успешно ја подметнале апликацијата АНОМ во телефоните што биле користени од бројни криминални организации.

Стотици апсења се извршени низ целиот свет како резултат на една од најмасовните операции преземени против организираниот криминал. Во акцијата учествувале полицајци од Европа, САД, Австралија и од Нов Зеланд.

Илјадници шифрирани пораки меѓу криминалците биле дешифрирани во реално време последните три години, што довело до собирање докази, со кои се поднесени стотици обвиненија.

Апсењата се извршени по истрагата на австралиската федерална полиција и ФБИ, кои тајно ги следеле комуникациите на истакнати претставници на криминалниот свет, откако претходно успешно ја подметнале апликацијата АНОМ во телефоните што биле користени од многубројни криминални организации.

Австралискиот премиер Скот Морисон истакна дека меѓународната полициска операција му нанела огромни штети на организираниот криминал во поголемиот дел од светот.

– Операцијата му зададе тежок удар на организираниот криминал, не само во нашата земја, туку ехото од истрагата може да се почувствува низ целиот свет – истакна Морисон.

„Тројански штит“: Стотици апсења низ целиот свет при масовна операција против организираниот криминал

Во операцијата учествуваа и националните полиции на неколку европски земји и Нов Зеланд. Во текот на последните три години тие успеаја да дешифрираат илјадници шифрирани пораки во комуникацијата на криминалните банди, соопшти австралиската полиција. Новозеландската полиција ја опишува операцијата како најсофистицирана досега против организираниот криминал.

Акцијата беше наречена „Тројански штит“. Воедно им дозволи на истражителите од 16 земји да ги следат членовите на мафијата, азиските криминални синдикати и банди на моторизирани криминалци.

Следењето на пораките се случило преку апликација наречена АНОМ, која ја користеле криминалците низ светот за да комуницираат кодирано, но која била де факто контролирана од ФБИ. Информациите меѓу криминалците се однесувале на планови за убиства, трговија со дрога и оружје. Апликацијата е инсталирана на мобилни телефони што немале никакви други функции и бил прифатени од криминалците. Според австралиските медиуми, полицајци биле вклучени во делењето на овие телефони на озлогласени криминалци.

– Во пораките што ги разменуваа, криминалците постојано разговараа за испорака на дрога, за организирање насилни акти, за меѓусебните расправии и за тоа како сакаат да убијат некое невино лице, кое им стои на патот – открива шефот на австралиската федерална полиција, Рис Кершо.

Само во Австралија за време на операцијата биле извршени 224 апсења во сите делови на земјата. Во Нов Зеланд се приведени 35 лица, за трговија со дрога и перење пари. Само во Нов Зеланд повеќе од 300 полицајци беа вклучени во операцијата, 900 лица беа обвинети, а запленети беа 2,6 милиони американски долари.

Во Австралија беа одземени околу 3,7 тони дрога, повеќе од 100 парчиња огнено оружје, речиси 45 милиони австралиски долари. Против уапсените беа покренати 525 обвиненија.

Се очекуваат уште апсења и обвиненија што ќе бидат поднесени во наредните денови.

Како ФБИ им подметна платформа на криминалците за да ги фаќа на дело: Преку „Тројанскиот штит“ паднаа и Срби во Виена и Белград

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот