Софиски „Труд“ во одбрана на Данела Арсовска: Шилегов е антибугарин

Петре Шилегов Данела Арсовска
Петре Шилегов и Данела Арсовска / Фото: МИА

Бугарскиот весник „Труд “ денеска застана во одбрана на кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска, пишувајќи дека „Бугарка била вербално линчувана во Скопје“, откако СДСМ објави документи кои, според владејачката партија, се доказ дека таа има бугарско државјанство.

Од весникот прашуваат: „Дали е лошо да си Бугарин во Македонија? Од тонот и сугестиите на официјалната прес-конференција на владејачката партија СДСМ на Зоран Заев, ова е лоша работа“.

-На огромен параван зад говорницата на Петровска (пратеничка на СДСМ) беше проектиран указ за бугарско државјанство, но не на Данела Арсовска, туку на Даниела Арсовска. Дали се работи за Уредба за бугарско државјанство на дотичната жена, овде не станува збор. Исто така, не станува збор за тоа дека бугарското државјанство се добива со документ за бугарско потекло и, ако Данела Арсовска и Даниела Арсовска се исто лице, тоа значи дека тоа лице доставило документи за своите предци дека на времето се декларирале како Бугари, пишува „Труд“.

Бугарскиот весник го прогласи и кандидатот на СДСМ, Петре Шилегов за антибугарин.

„Актуелниот градоначалник на главниот град, Петре Шилегов, кој кај нас стана познат по тоа што е антибугарин и по тоа што не обезбедува заштита од вандалите на споменикот на Гоце Делчев во Скопје, зашто тој е подарок од Бугарија, в недела ќе се соочи со независниот кандидат за градоначалник Данела Арсовска. На огромен екран зад говорницата на Петровска беше прикажан Указ за бугарско државјанство, но не на Данела Арсовска, туку на Даниела Арсовска. Дали е ова Указ за бугарско државјанство на дотичната жена, овде не станува збор. Исто така, не станува збор за тоа дека бугарското државјанство се добива со документ за бугарско потекло и, ако Данела Арсовска и Даниела Арсовска се исто лице, тоа значи дека тоа лице доставило документи за своите предци дека на времето се декларирале како Бугари’, пишува „Труд“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот