Софија се лути, македонски политичари ги споредувале политиките на Бугарија и Русија

Бугарско МНР, Фото: Архива

Бугарското Министерство за надворешни работи реагира на, како што вели, „низата провокативни и злонамерни антибугарски коментари од страна на македонски политичари и јавни личности“ и изразува загриженост дека се води „злонамерна кампања против Бугарија, чија цел е поттикнување на антибугарско расположение“.

Според МНР, повод за ваквиот став биле изјавите од Македонија во кои политиката на Бугарија се споредува со онаа на руската агресија во Украина.

„Уште позагрижувачки е што се прават обиди за намерна злоупотреба на трагичните настани во Украина како резултат на руската воена агресија. Сметаме дека таквите цинични сугестии мора категорично да се отфрлат. Никој нема право да ја злоупотребува трагедијата на украинскиот народ на арогантен и непринципиелен начин. Министерството за надворешни работи изразува загриженост за можното негативно влијание на ваквата кампања врз позитивните трендови на политичкиот дијалог во последните месеци“, велат од бугарското МНР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот