Софија негодува поради холандското вето за влез во Шенген

Бугарската влада ја критикуваше одлуката на Холандија да ѝ го блокира пристапот во европската Шенген зона без пасоши. За Бугарија ова е чин на „цинизам“. Ова се должи откако владата на холандскиот премиер Марк Руте на 2 декември објави дека ќе се согласи со приклучувањето на Романија и Хрватска во Шенген зоната, но ќе го блокира приемот на Бугарија.

Холандија стави вето оти Бугарија не успеала да постигне задоволителни резултати во борбата против корупцијата и организираниот криминал. Министрите за правда на ЕУ ќе одлучуваат за прифаќање на Бугарија, Хрватска и Романија во Шенген на состанокот на 8 и 9 декември. Прифаќањето на нови членки во Шенген бара едногласност.

Наместо европска солидарност, Бугарија добива цинизам“, напиша бугарскиот претседател Румен Радев на Фејсбук.

Слично како и Радев реагираше  министерот за внатрешни работи на Бугарија Демерџиев.

„Нашите напори не заслужуваат занемарување! Нашите напори не заслужуваат навреди“, изјави бугарскиот министер за внатрешни работи, Иван Демерџиев.

Австрија, исто така, изрази резерва за членството на Бугарија во Шенген. Канцеларот Карл Нехамер изјави дека неговата земја го поддржува членството на Хрватска, но е против приемот на Бугарија и Романија.

Европската комисија неколку пати соопшти дека Бугарија, Романија и Хрватска ги исполнуваат критериумите и се подготвени за членство во Шенген зоната. Европскиот парламент повика земјите да бидат прифатени во зоната без натамошно одлагање.

Шенген зоната им овозможува на луѓето слободно да се движат, без проверка на идентитетот. Во Шенген зоната има 26 земји-членки, од кои четири не се дел од ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот