Софија Милошевиќ остро возврати на нападите на Инстаграм: Сите сме различни и во тоа лежи убавината на светот!

Instagram

Манекенката Софија Милошевиќ доби критики во коментарите под фотографијата на Инстаграм на која трудна позира во костим за капење.

View this post on Instagram

? on the shore? @mo_premiere

A post shared by SOFIA (@sofijamilo) on

Софија во опис на фотографијата стави емотикон кит, сакајќи да се пошегува на сметка на својата килажа, но поедини фанови ѝ замерија.

„Софија, описите не ти се духовити, туку праќаш погрешна порака. Ти, слаба личност, себеси се нарекуваш „кит“ затоа што си ставила неколку килограми во бременоста, а девојките што те следат не можат ни да сонуваат да ја достигнат твојата тежина, како треба да се чувствуваат?“, гласел коментарот.

Манекенката набрзо одговори.

„Пишувам како се чувствувам во моментов. Не сум ставила неколку килограми, туку 15. Бременоста е најубавата работа на светот и колку и да уживам во неа, необично ми е што, на пример, тешко се движам. Оваа твоја порака е одраз на тоа како се чувствуваш лично, личност која очигледно не се сака себеси бидејќи не може да го напише своето мислење од својот профил? Прифилната слика ми се чини дека ти е Барбика? Се стремиш кон совршенство? Хм? Зарем тоа не е она за што ме напаѓаш? Луѓето имаат право да имаат вишок килограми, да имаат големи или мали гради, задник. Секој има право на свој живот и на каков начин ќе го води. Сите сме различни и во тоа лежи убавината на светот“, ѝ возврати Софија.

Софија и Лука Јовиќ моментално се наоѓаат на летување во Италија.

View this post on Instagram

Vacanza con lui ❤️

A post shared by SOFIA (@sofijamilo) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот