Софија: Четворицата уапсени за терористичкиот напад во Истанбул остануваат во притвор

Фото: EPA/EFE

Апелацискиот суд во Софија одлучи да им одреди траен притвор на четворицата приведени во Бугарија за соучесништво во нападот во Истанбул на 13 ноември, објави телевизија Нова. Како што пренесува дописникот на МИА од Софија, судската седница се одржа зад затворени врати, поради истраги од неколку специјални служби, кои содржат доверливи информации.

Четворицата приведени во Софија се Сириецот Амран Абдулрами, Петар Топал, кој има двојно државјанство – бугарско и молдавско, како и молдавските државјани Иван Калак и Леонид Аксакал. Освен за поддршка на терористички активности, обвинети се и за нелегална трговија и криумчарење луѓе, коментираше претходно обвинителот од градското обвинителство на Софија, Ангел Канев. Тој објасни дека имаат податоци и од бугарската државна агенција за национална безбедност и од МВР, како и од странски специјални служби. Во барањето за притвор, турското обвинителство доставило податоци од нивната разузнавачка служба МИТ. Според нив, Сириецот Амран Абдулрами, обвинетиот за нападот во Истанбул, Билал Хасан и групатта терористи имале намера да извршат повеќе напади, како во Турција, така и во земја на Европската Унија, без да дадат повеќе детали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот