Софи Тарнер од „Игра на троновите“ родила ќерка во строга тајност

EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Британската глумица Софи Тарнер (24) се прослави со улогата на Санса Старк во најпопуларната серија на сите времиња, „Игра на троновите“, а минатата година се венчаше со пејачот Џое Џонас (30), со кого дочека принова.

Софи и Џое според странските медиуми станале родители уште минатата недела, а породувањето поминало во најстрога тајност, исто како што беше случај и со нивната венчавка.

Софи тарнер и џое
EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Сепак, американските медиуми дознале дека ќеркичката ја нарекле Вила.

Јавноста дозна дека Софи е бремена во февруари.
„Софи многу внимателно бира што ќе носи во јавност за да го скрие трудничкото стомаче“, рече тогаш извор близок на парот, а после тоа Софи и Џое ретко се појавуваа во јавност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот