Соединетите држави и Германија постигнаа договор за контроверзниот „Северен тек 2“, многу земји се незадоволни

Џо Бајден Ангела Меркел
EPA-EFE/Doug Mills / POOL

Соединетите држави и Германија постигнаа договор за контроверзниот „Северен тек 2“, што според двете страни ќе ја спречи Русија да го користи проектот како политичка основа над нејзините европски сојузници. Сепак, нивниот договор остави незадоволни многу земји.

Речиси завршениот нов гасовод ќе има капацитет да носи 55 милијарди кубни метри гас годишно во Европа под Балтичкото Море и ќе го удвои извозот на руски гас во Германија.

Договорот беше постигнат по состанокот меѓу американскиот претседател Џо Бајден и германската канцеларка Ангела Меркел.

Договорот наиде на жесток отпор, пред се од Украина, која годишно губи околу 3 милијарди долари како надоместок за транзит на гас, но и од земјите на ЕУ – Полска, Литванија, Естонија и Летонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот