Социјално загрозените лица и самохраните родитетели од Прилеп нема да плаќаат комуналии за април и мај

Според претседателот на советот Миле Талески, мерките за ослободување од комуналиите ги предложија јавните комунални претпријатија, а советниците едногласно ги прифатија.

Социјално загрозените лица и самохраните родитетели од Прилеп нема да плаќаат комуналии за април и мај, а на правните лица им се намалува плаќањето фирмарина. Ова се дел од одлуките кои ги донесе прилепскиот совет на денешната седница, што имаат за цел да им се помогне на граѓаните и на фирмите во ситуацијата со пандемијата од корона вирусот.

Според претседателот на советот Миле Талески, мерките за ослободување од комуналиите ги предложија јавните комунални претпријатија, а советниците едногласно ги прифатија.

-Социјално загрозените лица и самохраните родители се ослободуваат од обврската за плаќање комунален отпад за април и мај. Воедно, времено се ослободуваат од плаќање надомест за подигање комунален отпад и правните лица од Старата чаршија и самостојните занаетчии. Ослободувањето се однесува на дуќанџиите, занаетчиите и сите угостители и хотелиери од подрачјето на Општината. Исто така, Советот донесе одлука за ослободување од плаќање надомест на сите закупци на тезгиња и на деловен простор во сопственост на јавното претпријатие „Пазари”. И сите одлуки се донесени едногласно, изјави Талевски.

Прочитајте и...  Лошото време може да го одложи стартот на ракетата на „СпејсИкс" со американски астронаути

Прилепските советници им ја намалија фирмарината на претпријатијата од 6.000 на 4. 000 денари.

-Советот донесе Одлука за намалување на фирмарината од 6.000 денари на 4.000 денари, со вкупна сума на ослободување на правните лица во висина од 4.5 милиони денари, додека користењето на просторот пред деловниот објект се намалува од 15, на 5 денари по квадратен метар. Со оглед на тоа дека во месеците на вонредната состојба угостителите ќе бидат комплетно ослободени од оваа давачка, висината на вкупните средства од кои ќе бидат ослободени изнесува осум милиони денари. За 600.000 денари е намалено истакнувањето на рекламни објави на јавни места, со што намалувањата на овие давачки за правните лица вкупно изнесуваат 13.2 милиони денари, рече Талевски. Тоа се мерки преложени од локалната самоуправа.

Прочитајте и...  Угостителите денес почнуваат со работа, организирањето на прослави е забрането

На денешната седница, прилепските советници дадоа согласност за планот за заштита и спасување од поплави, а ја усвоија и одлуката за утврдување на приоритет за учество во проектната апликација „Паметни прекугранични мрежи за одржливо вработување и раст во туризмот”.

Прочитај повеќе

Едуар Филип: Одлуката за отворање на надворешните граници на ЕУ по 15 јуни

МИА Агенција

Бебе позитивно на ковид-19 со специјален лет префрлено на клиника во Швајцарија

Слободен печат

СДСМ: Чулев со невистини се обидува да ја вознемирува јавноста

Слободен печат

Агенција за национална безбедност: Немаме опрема за прислушување, УБК замина во историјата

Слободен печат

Трамп на нацијата ѝ се обрати преку Твитер: Постигнат е тажен рекорд од 100.000 починати

Слободен печат

По вртоглавиот пад оваа година, германската економија догодина ја очекува скок од 10 проценти

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

На 2 јуни се отвораат баровите и кафулињата во Франција

Слободен печат

Старица (81) со торбичка на врат во Белград продавала хероин, избегна притвор поради староста

Слободен печат

„Тојота“ поради коронавирусот речиси ја преполови продажбата во месец април

Слободен печат

Украдени 110 тони шеќер од фабриката во Вировитица, полицијата ги пронајде крадците

Слободен печат

Во Кичево е регистриран првиот случај на заразен од Ковид-19

Слободен печат

Бектеши: Келнерите, менаџерите или управителите на угостителските објекти немаат право да ги легитимираат гостите

Слободен печат