Социјалните мрежи се вжештија откако руската полиција истепа жена на протест во Москва: ПРОТЕЧЕ ВИДЕОСНИМКА

Руското министерството за внатрешни работи започна истрата откако на интернет се појави видео снимка која привлече големо внимание, а на која се гледа како одредени припадници на единицата за брза интервенција тепаат млада жена, објави Блиц.рс.

На видеото, кое е направено додека се одржуваа протестите минатата сабота, се гледа како девојката ја влечат двајца маскирани полицајци, а еден од нив, во меѓувреме ја удира во стомак. Овие сцени предизвикаа голема нервоза на социјалните мрежи.

Одлуката на руските власти која одлучи да им се забрани учество на кандидатите на опозицијата во „трка“ за изборите за градскиот совет на Москва предизвика серија протести, кои се вбројуваат како најбројни оваа година. Во иинтервју за веб страната „Медизон“, 26-годишната Дарија Сосновскаја изјавила дека била приведена од полицијата бидејќи протестирала поради тоа што полицијата притворила маж со инвалидитет.

– Полицајците почнаа да трчаат кон мене. Беше навистина непријатно. Не можев да дишам – изјавила Сосновскаја.

Видеото погледнете го тука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот