Социјалните мрежи преплавени со сцени од полициска бруталност, ниту децата не се поштедени (ВИДЕО)

Њујорк, САД / 31 мај 2020 / EPA-EFE/JUSTIN LANE

Во Њујорк полицијата со автомобили буквално ги газеше демонстрантите.

Полициската бруталност предизвика смрт на невооружениот Афромариканец, Џорџ Флојд, што резултираше со драматични протести ширум САД и Европа среде невидена здравствена криза.

Наместо уште една во низа смрт на Афроамериканци од рацете на белите полицајци, да биде сигнал за конечно да се стави крај на расизмот и полициската бруталност, овие две зла продолжуваат да се дивеат, заканувајќи се дека протестите ќе се претворат во вистински бунт.

За време на осумдневните протести, полицајците се снимани како тепаат луѓе, вклучително и новинари кои ги следат протестите, фрлаат солзавец, користат гумени куршуми, газат демонстранти со автомобил, … а со самото тоа покажуваат дека демонстраните со право се бунат.

Корисниците на социјалните медиуми споделуваат видеа од Северна Каролина на кои се гледа како припадници на полицијата со ножеви сечат шишиња со вода и ја уништуваат медицинска помош наменета за лицата кои биле повредени за време на протестите.

Има премногу примери на полициска бруталност, нивна мета се дури и децата чии родители ги однеле на мирни протести.

Така, во Сиетл, едно девојче, не постаро од 10 години, доби солзавец право во лице. Детето немоќно извикува на сиот глас: „Не можам да гледам“, па врз главата присутните и истураа млеко, за да го олеснат печењето поради солзавецот.

Присутните исто така се снимени како ја прскаат девојката со непознати материи со цел да и ја ублажат болката.

 

View this post on Instagram

 

Police in Seattle pepper sprayed a child in the face. A little child. I am undone.

A post shared by Shaun King (@shaunking) on

Исто така на Лонг Бич е снимена фотографија која ги разбесна луѓето.

На која е прикажан полицаец со полна опрема како вперува  пушка со гумени куршуми кон афроамериканец кој стои додека девојче седи на неговите рамена.

Фотографот и воен ветеран Ричард Грант ги фотографирал протестите и немирите во Лонг Бич, Калифорнија, кога ја забележал и оваа сцена.

Во Њујорк полициските вооружени сили со автомобили буквално газеле стотици демонстранти на протестот во петокот. Некои медиуми објавија дека има повредени во овој инцидент, но тоа не е официјално потврдено.

Вчера, корисници на социјалната мрежа споделуваа видео тврдејќи дека полицајците застрелале дете.

И додека некои можеби имаат изговор затоа што не знаеле како да реагираат опкружени со демонстранти, нападите врз децата се непростливи.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот