Социјални последици од пандемијата: Училиштата не работат, децата жртви на принудна и присилна работа

epa08480740 A Pakistani boys sell sugar canes on a road side as world observes day against Child Labor in Peshawar, Pakistan, 12 June 2020. World Day Against Child Labor is observed on 12 June across the world including Pakistan to raise awareness and contribute to ending child labor. The theme of this year's 'No to Child Labor, Yes to Quality Education'. EPA-EFE/BILAWAL ARBAB

 Зголемената побарувачка за средства за дезинфекција во борбата против коронавирусот може да ја зголеми употребата на присилен и детски труд на плантажите со шеќерна трска, предупредуваат британски истражувачи.

Од шеќерната трска се добива етанол кој се користи во гелови врз база на алкохол, а во седум водечки светски производители на шеќерна трска, вклучувајќи ги Бразил, Мексико и Тајланд, има високи до екстремни ризици од присилна и детска работа, соопшти компанијата за аналитика Вериск Мејплкрофт (Verisk Maplecroft).

– Пандемијата откри голем број структурни предизвици со кои се соочуваат земјите производители … веќе некое време, изјави Џимена Бланко која го предводи американскиот тим на Вериск Мејплкрофт.

По повеќе децении напредок, Обединетите нации предупредија дека милиони деца ширум светот би можеле да бидат принудени да работат со оглед на тоа што училиштата се затворени, а семејствата се борат да ја надминат економската криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Специјалниот известувач на ОН за современо ропство во средата објави дека постои огромен ризик најсиромашните да немаат алтернатива на присилната работа.

Компаниите кои експлоатираат работници во производство на лекови и опрема за борба против Ковид-19 треба да одговараат за своите постапки, нагласи Томоја Обоката.

Во немилосрдната глобална трка за лична заштитна опрема, како што се маски, владите и компаниите повремено склучуваат договори со нови добавувачи.

– Даваат приоритет на итноста пред социјалните последици кои со тоа ги произведуваат, рече аналитичарката за човекови права во Вериск Мејплкрофт, Викторија Гама, повикувајќи на поголема транспарентност во синџирите на снабдување.

Таа додаде дека е тешко да се знае колку шеќерна трска завршува во средства за дезинфекција бидејќи се користи во многу други производи, од шеќер до биогорива.

Во Мексико, каде што ризикот од детски труд според Вериск е екстремен, училиштата се затворени поради Ковид-19, а часовите се одржуваат на телевизија, иако некои деца во руралните области немаат телевизори во своите домови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот