Социјални пакети за нови 30 домаќинства од Карпош

Пред Велигденските празници, додаваат, Карпош традиционално организираше хуманитарна акција пред сите поголеми маркети на која граѓаните донираа продукти.

Социјални пакети со прехранбени производи и средства за хигиена, во текот на вчерашниот ден беа поделени на 30 социјално загрозени домаќинства од Карпош. Оваа хуманитарна акција Општината ја организираше во соработка со Црвениот крст, чии волонтери ја извршија дистрибуцијата на пакетите со социјална помош.

– Карпош во повеќе наврати ја покажува својата хуманост и солидарност со своите жители. Оваа акција е со цел да се олесни живеењето на граѓаните, особено во овој период на пандемија од коронавирусот, наведуваат од Општината.

Пред Велигденските празници, додаваат, Карпош традиционално организираше хуманитарна акција пред сите поголеми маркети на која граѓаните донираа продукти. Но, оваа годиниа со намера да се спречи директен контакт меѓу граѓаните, се одлучиле да ја спроведат акцијата на овој начин.

Во текот на неделата, биле доделени и 50 социјални пакети со храна и средства за хигиена, кои биле донирани од компанијата „СМС Шопс ДООЕЛ”, што значи дека изминатава недела била доделена поддршка за вкупно 80 домаќинства од Карпош.

– Ги повикуваме сите општествено одговорни компании да ја покажат својата хуманост, да донираат и да помогнат на најзагрозените категории граѓани, се вели во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот