Социјални пакети за 110 домаќинства од скопски Карпош

Фото: МИА

Во Општина Карпош вкупно 110 социјално загрозени домаќинства денеска добија социјални пакети со прехранбени продукти и средства за хигиена, во пресрет на Денот на Општина Карпош – 3 Ноември.

Како што соопштуваат од прес-центарот на Општина Карпош, хуманоста и солидарноста се вредности кои ги негува и практикува локалната самоуправа.

Во изминатиот период, карпошани донираа продукти во рамки на акцијата „Донирај – подај рака, за твојот сосед”, а денеска овие производи беа поделени во повеќе урбани заедници.

– Станува збор за симболична поддршка, која сепак го олеснува секојдневието на граѓаните. Локалната самоуправа системски делува и ги помага ранливите групи, со доделување на еднократна парична помош, одвојување на буџетсаки средства во случај на пожар или поплава, еднократна помош за новороденчиња и сл, се посочува во соопштението.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев во оваа прилика потсетил дека оваа година сите талентирани ученици и спортисти, независно дали се од социјално – загрозени семејства или не заедно биле на одмор.

– Сите заслужуваат исти шанси и затоа треба сите заедно да се бориме за справување со сиромаштијата. Значајно е и зголемувањето на минималната плата, која сега изнесува 14.500 денари, а 30.000 семејства во државата добиваат и повисока социјална помош. Овие реформи на Министерството за труд и социјална политика (МТСП) овозможуваат постепено граѓаните да „излегуваат” од маргините на општеството, рекол Богоев.

Општината аплицираше и на повикот за социјални улуги на МТСП – грижа и нега во домот на стари и изнемоштени лица. Преку овој проект ќе се овозможи зголемена поддршка на повеќе домаќинства, а за испорачување на услугата ќе се ангажираат и невработени лица, кои соодветно ќе бидат обучени за да да пружат нега во домовите на граѓаните кои им е неопходна таква поддршка.

Со ова, подвлекуваат од Општина Карпош, се постигнува двојна цел: ќе има згрижени граѓани, но и ангажирани невработени лица, кои ќе излезат на пазарот на трудот, кои патем ќе имаат приход и ќе бидат поконкурентни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот