Социјалната дистанца во авионот донесува поскапи карти?

epa08399392 Spanish nationals wearing protective gear prepare to check in on a special flight to Spain, at Suvarnabhumi International airport in Bangkok, Thailand, 04 May 2020. A total of 133 passengers, including 87 Spanish nationals, were allowed to return to Spain on a special flight organized by the Spanish Embassy in Thailand after all flights were halted in an effort to stem the spread of the SARS-CoV-2 coronavirus which causes the COVID-19 disease. EPA-EFE/DIEGO AZUBEL

Воведувањето на задолжителна дистанца во авионите меѓу патниците би ја сменило економијата на авиосообраќајот.

Мерките на ЕУ за патувањата со авиони во текот на пандемијата од коронавирус вклучуваат носење заштитни маски и од страна на персоналот и од патниците.

Останатите мерки, како социјално дистанцирање, се уште не се потполно утврдени, а тоа би можело драстично да ги зголеми трошоците на патувањата, и така да ги загрози и авиопревозниците и патниците.

Мерките и советите се јасни, маските се задолжителни, се ставаат штом ќе се стапне на аеродром, а се отстрануваат кога се пристигнува до одредиштето. Ваквата мерка е неопходна за да се зачуваат животите, и за да не дојде до циркулирање на вирусот. Исклучок од ова правило се децата помлади од 6 години.

Освен тоа, маските мора да се менуваат на секои 4 часа од хигиенски причини, па ЕУ им советува на патниците да понесат доволно маски со себе.

ЕУ исто така советува едно седиште во редот да остане празно и правилото за дистанца да се почитува што е можно повеќе, додека услугата во авионите би требало да биде сведена на минимум.

ИАТА, Меѓународното здружение за воздушен сообраќај, ги отфрла барањата за одржување на социјална дистанца и предупредува на неминовно зголемување на трошоците. Воведувањето на задолжителна дистанца во авионите меѓу патниците би ја сменило економијата на авиосообраќајот, а резултатите би биле: значително поскапи авионски карти кои директно би го загрозиле авиосообраќајот и авиокомпаниите, посебно нискобуџетните и секако патниците.

Во меѓувреме, некои компании веќе започнаа да дизајнираат авионски седишта кои би спречиле ширење на заразата.

Светот се менува – Можно е вака да изгледаат седиштата во авионите по пандемијата на коронавирусот (ФОТО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот