Социјалистите ја поздравија одлуката на САД да го прогласи Бериша за персона нон грата, демократите изразија жалење

Сали Бериша / Фото: EPA/ARMANDO BABANI

По прогласувањето на поранешниот албански претседател, демократот Сали Бериша, за персона нон грата од страна на САД, заедно со неговото семејство реагираа владејачките социјалисти преку генералниот секретар Таулант Бала и демократите преку лидерот Љуљзим Баша.

Едните ја поздравуваат одлуката, другите изразуваат жалење.

Бала, во објавата на Фејсбук ја поздравува одлуката на САД и пренесува дел од објавата на државнот секретар Ентони Блинкен.

– Ја поздравуваме одлуката на САД за Сали Бериша. Коруптивните постапки на поранешниот претседател на Албанија, Сали Бериша ја поткопаа демократијата во Албанија. Ова е убав ден за албанската демократија, пишува Бала.

Баша пак наведува дека со жалење ја примил одлуката Бериша да биде прогласен за непожелна личност.

– Д-р Бериша е несомнено албанскиот лидер кој даде најголем придонес во развојот на земјата и зајакнувањето на демократијата и го водеше пријателството и стратешкиот сојуз на Албанија со САД до највисоки нивоа. За време кога Бериша беше премиер, Албанија ги заврши сите потребни реформи за членство во НАТО, како и добивање статус на земја кандидат за Европска Унија, каде борбата против корупцијата и организираниот криминал беа клучни услови. Во сите овие достигнувања, клучен партнер на албанската влада беа САД, наведува Баша.

„За жал”, тој додава, „се случи нешто поразлично во овие осум години, каде што поради масовната корупција во секој сектор и врските на моќта со организираниот криминал, Албанија остана на нулта ниво во спроведувањето на реформите што и се потребни на земјата, како членка на НАТО и аспирант за земја членка на ЕУ”.

– Денешната одлука на државниот секретар не влијае на големите достигнувања на Албанија под раководство на Сали Бериша, неговиот голем придонес во демократизацијата на Албанија и реформите што ја приближија земјата до нашите евроатлантски партнери, а уште помалку во одличните односи на Демократската партија со САД. Ние ги сметаме САД за најважен стратешки сојузник за Албанија и борбата против организираниот криминал и корупцијата како апсолутен национален приоритет, посочи Баша.

Тој порача дека Демократската партија е решена да продолжи без никаков компромис во борбата против корупцијата и организираниот криминал, во полза на демократијата, владеењето на правото, транспарентноста и благосостојбата на Албанија и албанската нација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот