Социјалдемократите се преброија – 80.000 членови

СДСМ успешно го заврши процесот на реевиденција и активна регистрација на членството во духот на демократските процеси, објави денеска на прес – конференција од Струмица генералниот секретар на партијата, Љупчо Николовски.

Според него, над 80 илјади членови се ажурирани и со тоа социјалдемократското семејство е доволно големо и силно да го продолжи напредокот, а низ целиот процес на ажурирање пристапиле и илјадници нови членови, првенствено млади лица.

– Овој процес на промени го заокружуваме на 21 март, кога ќе се одржат првите внатрепартиски непосредни избори, каде секој член ќе може да гласа за новиот претседател на СДСМ. На 21 март СДСМ ќе постави уште еден нов стандард на партиското делување, преку организирање внатрепартиски избори ширум Републиката. Тоа е врв на демократијата, тоа е значаен храбар чекор, кој треба да послужи како пример за останатите политички партии во државата и да придонесе за развој на демократија, рече генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, кој денеска беше во посета во Струмица и учествуваше на трибина со младите социјалдемократи.

Додаде дека владеачката партија продолжува одговорно, чесно, праведно и транспарентно да работи во интерес на граѓаните и државата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот