Сочувство од Груби за настраданите во автобуската несреќа во Бугарија

Артан Груби / Фото: МИА

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби изрази длабоко сочувство до семејствата на настраданите во трагичната автобуска несреќа што се случи во Бугарија.

Преку објава на својот Фејсбук профил, Груби соопшти дека македонските и бугарските власти се во постојан контакт за расветлување на случајот, но и за пружање помош на повредените кои веќе се во болница.

– Со длабока болка утрово ја прифатив веста за тешката трагедија на нашите граѓани во Бугарија. Тажен сум поради оваа голема трагична загуба на толку многу животи одземени предвреме. Во постојан контакт сме со бугарските власти за секаква неопходна помош за расветлување на случајот и пружање помош на повредените кои веќе се во болница. Моето искрено сочувство до сите членови на семејството кои денеска ги загубија своите најблиски, додека на повредените им посакувам брзо закрепнување. Се молам за нивните души и за трпение на семејствата, ја споделувам нивната голема болка, напиша Груби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот