Сочувство и солидарност од Грција до Северна Македонија по пожарот во тетовската болница

Фото: EPA-EFE/SIMELA PANTZARTZI/EPA-EFE/STRINGER

Сочувство до семејствата на загинатите и солидарност до народот и владата на Северна Македонија по синоќешниот пожар во модуларната болница во Тетово, изразија, преку Твитер од Министерството за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

– Нашите мисли се со жртвите од ужасниот пожар во болничката единица во Тетово и со сите погодени од оваа трагедија. Го изразуваме нашето искрено сочувство до семејствата на жртвите и нашата солидарност до народот и Владата на Северна Македонија, напишаа од грчкото МНР.


Извор: МИА

ВИДЕО | Детали за пожарот во Тетово: Над 30 пожарникари со 7 возила интервенираат, извадени се починатите пациенти

Видео на денот