Израдувајте ги домашните – Сочни ролни со цимет и мелени ораси

Вакви ролни со цимет и ораси немате пробано. Треба време да се направат, но вредат. Вкусот е незаменлив. Еве како можете да ги направите овие ролнички дома.

Состојки

  • 1 квасец
  • 260 гр сенамено брашно
  • 2 супени лажици шеќер
  • 2 кафени лажици прашок за пециво
  • 1 кафена лажица сол
  • 3 супени лажици путер (на собна тепература)
  • 180 мл млеко
  • 1 јајце

За филот (по вкус)

  • Цимет
  • Мелени ораси
  • Кафен шеќер
  • Бел шеќер

Загрејте ја рерната на 200 степени. Тавата за печење намачкајте ја со путер за смесата да не се залепи.

Во посебен сад почнете со тестото. Сипете брашно, шеќер, прашок за пециво и сол. Мешајте. Потоа додадете го путерот и мешајте со раце додека смесата не се соедини.

Во друг сад ставете млеко и јајце. Со маталка мешајте додека јајцето и млекото не се соединат. Префрлете ја смесата со јајцето во тестото и продолжете да мешате додека не добиете тесто.

Префрлете го тестото на работна маса и израмнете го со сукало. Да не биде многу тенко.

Во друг сад, измешајте цимет, мелени ораси, кафен шеќер и бел шеќер по вкус. Оваа смеса направете ја по ваш мерак. Не штедете! Намачкајте го тестото со смесата и формирајте полжави.

Полжавите ставете ги во тавата за печење и печете 20-25 мин. Ролните се готови. На здравје!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот