Сочни и едноставни за подготовка: Кофтиња од мисиркино месо и грав

Фото: Pixabay

Мисиркиното месо во комбинација со растителен протеин како што е гравот формира совршена смеса за да подготвите најразлични специјалитети. Од нутритивен аспект гравот може да се вброи во т.н. супер-храни. Тој освен што е богат со макронутриентите како протеини и јаглехидрати, богат е и со растителни влакна, а содржи и низа на микронутриенти, вклучително: магнезиум, железо, фолна киселина, витамин В6 и многу други.

Состојки:

– 300 г мисиркино мелено месо
– 200 г грав
– 1 главица кромид
– 2-3 печурки
– свеж магдонос по вкус
– 2 чешниња лук
– 1 лажица путер
– сол и црн пипер

Подготовка:

Гравот потопете го преку ноќ, па следниот ден сварете го во малку посолена вода и оставете го да се излади. Во блендер ставете го гравот, додајте му ги путерот, сечканиот кромид, печурките, лукот и изблендирајте да се сомеле ситно. Потоа додајте му го меленото месо и магдоносот па кратко блендирајте да се соединат состојките. Префрлете ја смесата во сад и од нејзе земајте порции по желба, обликувајте ги во ќофтиња или плескавици, па пржете ги во врело масло.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот