СОЧНИ ДЕТАЛИ: Зошто Меган се разведе и што барала од сопругот во случај на бременост?

EPA-EFE
Фото: EPA-EFE/NIGEL RODDIS

Неодамна е емитуван документарец посветен на сегашната војвотка од Сасекс и сопруга на принцот Хари, Меган Маркл.

Таа пред да се сврши со него, беше актерка и нејзиниот приватен живот се одвиваше пред будното око на медиумите и обожавателите.

Филмот „Meghan Markle: Movies, Marriage & Motherhood“ открива сочни детали од приватниот живот на војвотката, особено за нејзиниот прв брак. Таа се омажи за продуцентот Тревор Енгелсон во 2011 година на Јамајка, а се разведоа две години подоцна.

Новопечената војвотка од својот прв сопруг барала во случај да остане бремена и да роди дете, тој да ѝ плати естетски операции за затегнување на стомакот и корекција на градите. Списокот бил полн и со козметички третмани и скапа козметика за нега.

Уште една од причините за разводот е нивната постојана разделеност, особено откако ја добила улогата во „Suits“.

Сепак, откако стана членка на кралското семејство очигледно се предомисли и воопшто не се двоумеше да роди бебе на принц.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот