Сочен кугел по рецепт на Џејми Оливер

кугел
Кугел / Фото: myViewPoint / Alamy / Profimedia

Кугел е класично еврејско јадење кое со текот на времето го засака целиот свет поради неговата крцкава кора и сочно тесто. Толку е добро што нема потреба да додавате месо, но ако навистина сакате, можете да додадете малку сечкан колбас или сланина.

Состојки:

– 3 средни тиквички
– 3 моркови со средна големина
– 2 слатки компири (околу 450 г)
– 2 средни главици кромид
– 2 чешниња лук
– 1/2 чаша сецкан магдонос
– 3 супени лажици свеж босилек или 1 лажичка сув
– 4 јајца
– 4 белки
– околу 1/2 чаша брашно од скроб
– сол и бибер по вкус
– 2 лажички маслиново масло

Подготовка:

Излупете го морковот и изрендајте го. Изрендајте ги и тиквичките и компирот. Кромидот и магдоносот ситно исечкајте ги. Посолете ги тиквичките и оставете ги во цедалка. Загрејте ја рерната на 180 степени. Садот за печење подмачкајте го со масло. Во голем сад измешајте ги морковите, слатките компири, кромидот, лукот, магдоносот и босилекот. Додадете ги тиквичките, истиснувајќи го вишокот вода. Добро измешајте. Додадете јајца, сол, бибер и масло и постепено додавајте брашно додека мешате. Дали ќе го искористите целото брашно зависи од тоа колку вода изгубил зеленчукот. Во сад со помош на електричен миксер изматете ги белките. Измешајте ја целата смеса од јајца во белките, а потоа измешајте ја смесата од зеленчук. Ставете ја смесата во сад за печење и рамномерно распоредете ја. Печете 1 час и 10 минути или додека не порумене и смесата е цврста. Совет: Смесата може да се пече и во калапи за мафини на 190 степени, 20 до 30 минути, додека не порумени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот