Собраниската седница за законот за ЈО презакажана за утре во 11 часот

Фото: Слободен печат/Д. Митрески

Откако доцнеше почетоко на собраниската седница каде требаше да се расправа за предлог-законот за Јавно обвинителство и Предлог-законот за Советот на јавни обвинители, поради критиките и забелешките од пратениците, претседателот на Собранието Талат Џафери ја презакажа за утре во 11 часот.

Двата закона вчера поминаа во Комисијата за европски прашања и во матичната Законодавно-правна комисија.

За доцна свиканата седница, Џафери рече дека работи по Устав, а според Уставот, Собранието е во постојано заседание.

– Ако ви се спие одете спијте. Но за чекањето самите координатори си ги знаете работите – рече Џафери.

Тој им порача на пратениците дека не комуницира преку Фејсбук, откако вечерва пратеникот на СДСМ Александар Кирацовски преку Фејсбук му порача веднаш и сега да закаже седница за разрешувањето на министерката за труд Рашела Мизрахи.

Двотретинско мнозинство е потребно за законот за ЈО, кој не е официјален  услов за добивање датум за почеток на преговори со ЕУ, но сепак од високите европски претставници се споменува како позитивен сигнал кој би можел да го придвижи процесот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот