СОБРАНИСКА СЕДНИЦА: Образованието во сенка на албанскиот јазик

Наместо старт на собранската седница за предлогот измени за Законите за основно и средно образование, во парламентот по процедуралното барање на пратеникот Скендер Реџепи од Алтернтива, се дебатираше за употребата на албанскиот јазик. Реџепи праша зошто материјалите доствени до пратеничките групи не се и на албански јазик и побара сите материјали доставени од Владата до Собранието да бидат вратени ако не се доставени и на албански јазик.

– Во однос на елементарното право на употребата на албанскиот јазик во Комисијата за образование имавме дисбаланс, Владата не го почитува албанскиот јазик и предлага закони само на македонски јазик. Истото се случува и во Собранието. Собраниската архива ги прима материјалите само на македонски јазик, а не и на албански. Ова наскоро треба да се исправи , затоа што албанскиот јазик, е службен јазик. И кога станува збор за забрзана постапка, материјалите треба да бидат доставувани и на македонски и на албански јазик, рече Реџепи.

Спикерот Талат Џафери, одговарајќи му на Реџепи, посочи дека Законот за јазиците го вградува начинот на употребата на јазиците, но дека и неговата пратеничка група не го почитувала.

– Конкретно самите вие не сте го испочитувале членот 3 од Законот за употреба на јазиците. Секако дека собраниските комисиии треба да работат според закон, но кога ќе нагласите нешто треба да водите сметка пред да обвините друг, бидејќи вие амандамни сте ги доставиле само на македонски јазик. Сте можеле, наместо да ја напуштите рабоатата на Комисијата за образование да побарате пауза и материјалите да ви бидат преведени, рече Џафери.

Кастриот Реџепи од Движењето Беса рече дека Алијанса и Алтернатива прават шоу во Собранието, бидејќи и тие амандманите ги поднеле само на македонски јазик.

– Според Деловникот на Собрнието, односно членот 3 став 4 предвидува дека избран пратеник или именуван функцонер кој зборува јазик различен од македонскот, а кој го зборуваат најмаку 20 посто, материјалите ги добиваат и на нивниот јазик и писмо. Колегите од пратеничкта група на Алијанса и Алтернатива ги доставиле амандманите само на македонски јазик, а од друга страна прават шоу за заштита на албанскиот јазик, рече Реџепи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот