Собраниска седница број 13: Избор на заменици-министри пред пратениците

Собранието за денеска ја најави 13. седница на чиј дневен ред е предлогот за именување на заменици министри во Владата на Република Северна Македонија.

За заменик-министер за одбрана е предложен Башким Хасани, за внатрешни работи – Назим Буши, а за ресорот правда – Агим Нухиу.

Илхан Рахман е предложен за заменик на министерот кој раководи со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, а Фатмире Исаки за заменик-министер за надворешни работи.

За заменик министер на Фатмир Бесими во Министерството за финансии е предложен Димитар Ковачевски, а во Министерството за економија – Зоран Маневски. Во ресорот земјоделство за заменик е предложен Трајан Димковски, кој претходно ја извршуваше министерската функција во истото Министерство.

Доктор Илир Хасани е предлог за заменик-министер во Министерството за здравство, Арафат Шабани за образование и наука, Енвер Хусејин за труд и социјална политика, Зоран Димитровски за локална самоуправа и Седат Сулејмани во Министерството за култура.

За заменик-министер за информатичко општество и администрација е предложен Александар Бајдевски, во Министерството за транспорт и врски – Беким Реџепи, а во Министерството за животна средина и просторно планирање – Христина Оџаклиеска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот