Собраниска делегација учествуваше на онлајн февруарските состаноци на ПС на НАТО

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Делегација на Собранието на Северна Македонија учествуваше на традиционалните февруарски заеднички состаноци што во организација на ПС на НАТО вчера и денеска се одржаа онлајн преку платформата KUDO.

– Овие состаноци се одржуваат според правилата на Chatham House, при што поради сензитивноста на споделените информации, истите не можат да се пласираат во пошироката јавност, информираат од Собранието на Северна Македонија.

На состанокот, како што се наведува во соопштението, учествувале шефот на Делегацијата на Собранието во ПС на НАТО, Арбер Адеми и членот на делегацијата Илија Николовски.

Дебатата се одвивала за пост-пандемиските стратешки предизвици и приоритети за НАТО, отпорноста на општествата и демократијата во Алијансата, предизвиците со Истокот и други актуелни состојби. Парламентарците се осврнале и на Проектот „НАТО 2030″ и улогата на парламентите, при што бил поздравен придонесот на парламентарците кон овој проект, кои дале свои размислувања и подобрувања на него. Бил презентиран и првиот онлајн претседателски извештај на ПС НАТО, изготвен под специфични работни услови поради пандемијата со ковид-19.

На вториот ден на заедничкиот состанок се одржал специјалниот состанок со постојаните претставници на земјите-членки во Северноатлантскиот совет (NAC).

Февруарските состаноци на ПС на НАТО претставуваат форум на кој парламентарците имаат можност да се сретнат со владините претставници на НАТО и експерти од воената област, со цел да бидат запознаени со актуелните случувања во креирањето на стратешките политики на Алијансата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот