Собраниска делегација ќе учествува на тркалезната маса на ЕП во Брисел

Европски парламент/ Фото: МИА

Делегација на Собранието на Македонија во состав Сашо Василевски, Бетиане Китев, Реџаиљ Исмаили и Драган Данев денеска ќе учествуваат на „Тркалезна маса на високо ниво за процесот на евроинтеграции на Западен Балкан” во Европскиот парламент во Брисел.

На Конференцијата, како што соопшти Собранието, пратениците ќе разменат искуства со своите колеги од регионот, ќе се сретнат со новоизбраните колеги од Европскиот парламент, ќе имаат средби со известувачите од Комисијата за надворешни прашања, како и со шефови на делегации.

За време на посетата на Брисел, делегацијата на Собранието ќе има средба и со шефицата на Мисијата на Македонија при ЕУ во Брисел, амбасадорката Агнеза Руси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот