Собраниска делегација ќе учествува на Интерпарламентарната унија во Белград

Фото: МИА

Делегација на Собранието на Македонија, предводена од претседателот Талат Џафери од денеска до 17 октомври ќе учествува на 141. Собрание на Интерпарламентарната унија, што ќе се одржи во Белград.

Во делегацијата се пратениците Диме Велковски, Јован Митрески, Димитар Стевананџија, Агим Шаќири и Јулиана Николова и генералниот секретар на Собранието, Цветанка Иванова. Се очекува на Собранието на Интерпарламентарната унија да учествуваат околу 1.700 претставници од повеќе од 140 земји – членки на Унијата, како и повеќе од 70 претседатели на парламенти.

Главна тема за дискусија на 141. Собранието на Интерпарламентарната унија е „Зајакнување на меѓународното право: парламентарни улоги и механизми и придонесот за регионална соработка”. Комисиите на Интерпарламентарната унија ќе дискутираат за бројни прашања од нивната надлежност, меѓу кои: парламентарни стратегии за зајакнување на мирот и безбедноста во пресрет на предизвиците и конфликтите што произлегуваат од климатските катастрофи и нивните последици; актуелизирање на дигитализацијата и циркуларната економија за постигнување на целите за одржлив развој, одговорна потрошувачка и производство; постигнување на универзално здравствено покривање до 2030 година – улогата на парламентите за гарантирање на правото на здравје; криминализација на перењето на пари; унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на моќта на младите…

Во рамките на 141. Собрание ќе биде одбележана 130-годишнината од формирањето на Интерпарламентарната унија и 70-годишнината од Женевските конвенции. Седници ќе одржат „Форумот на жени парламентарки”, „Форумот на млади парламентарци” и „Здружението на генерални секретари на парламенти”, а предвидени се и бројни билатерални средби на членовите на делегацијата на Собранието на Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот