Собраниска делегација ќе положи венци свежо цвеќе по повод 2 Август

Фото: МИА

Собраниска делегација предводена од Горан Мисовски, потпретседател на Собранието ќе положи венец свежо цвеќе во Крушево на гробот на Никола Карев и на Мечкин Камен. 

По повод 2 Август, денот на Републиката, делегации на Собранието на Република Северна Македонија ќе положат венци свежо цвеќе пред споменикот на АСНОМ во паркот ,,Жена борец”, пред споменикот на Никола Карев пред Собранието на Република Северна Македонија, пред споменикот на Методија Андонов Ченто, пред споменикот Сила, Слава и Победа на тврдината Кале.
Собраниска делегација во состав Мирослав Јовановиќ, Благица Ласовска и Реџаил Исмаили ќе положи венец свежо цвеќе во меморијалниот центар АСНОМ, Пелинце.
Собраниска делегација предводена од Горан Мисовски, потпретседател на Собранието ќе положи венец свежо цвеќе во Крушево на гробот на Никола Карев и на Мечкин Камен.
Претседателот на Собранието Талат Џафери е во добра здравствена состојба но по препорака на лекарите му е неопходен дополнителен одмор и мирување поради што делегацијата на Собранието во Крушево ќе ја предводи потпретседателот на Собранието, Мисовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот