Собранието расправаше за Закон за основање на Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле" во Охрид - Слободен печат

Собранието расправаше за Закон за основање на Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле” во Охрид

Собранието денеска го усвои Дополнетиот предлог на Законот за правата на заедниците кои се помалку од 20 отсто од населението во Република Северна Македонија. Предлогот го поддржаа 67 пратеници и 12 од пратеници од немнозинските заедници. Главна цел на законот е да се подобри состојбата со имплементација на правата на заедниците, да се олесни следењето на степенот на нивното остварување и да се обезбеди надзор над реализација на овие права од страна на институциите на централно и локално ниво.

На дневен ред денеска беше и Предлог законот за измена и дополнувања на Закон за основање на Универзитет за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле” во Охрид, во прво читање.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се изјасни дека сега нема да го каже својот став и дека тоа ќе го стори по одржување на јавна расправа. Пратениците од владејачкото мнозинство рекоа дека со измените и дополнувањата на законот, работата на Универзитетот ќе се стави во законски рамки. Ќе се отворат пет нови факултети, а студентите ќе ги завршат студиите по програмата по која почнале и вработените ќе ги задржат работните места.

Прочитајте и...  Се проширува „црната листа“ на даночни раеви

Пратеникот од владејачкото мнозинство Рубин Земон го образложи Прелог законот за измена и дополнувања на Закон за основање на Универзитет за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле” во Охрид. Тој рече дека е направен обид Охрид да добие високообразовна институција, но, таа не функционира според стандардите и согласно законските рамки.

-За жал, оваа убава идеја градот на УНЕСКО, Охрид, да добие високообразовна институција не е реализирана до крај. За да постои еден факултет треба да има 10 вработени доктори на науки, тоа засега го нема. Сега таму има пет информатички факултети, значи, треба да има 50 информатичари доктори на науки. Тој услов не е исполнет и не може да се исполни. За да се основа Универзитет потребно е да има пет единици најмалку. Ние предлагаме да се формираат нови пет факултети и тоа: Факултет за информатички науки и технологии, Факултет за општествени и политички науки, Факултет за животна средина, Факултет за применети уметности и Институт за напредни истражувања со животната средина и културното наследство. Ние сакаме да се спаси тоа што е во Охрид оти градот заслужува да има Универзитет, истакна Земон.

Прочитајте и...  Заев до судиите и обвинителите: Ослободете се, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ веќе не ви можат ништо

Тој потенцира дека студентите и вработените на Универзитетот не треба да стравуваат за нивната иднина. Студентите ќе ги продолжат студиите по програмата по која се запишале и вработените ќе ги задржат работните места.

Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ забележа дека не е разбирливо зошто 10 дена пред рапсуштање на Парламентот се става оваа точка на дневен ред и рече дека ова е популизам. Тој го потстети владејачкото мнозинство дека го критикувале ВМРО-ДПМНЕ кога отворало високообразовни институции, а сега се залагаат за исто она за кое во минатото го критикувало.

-Немате континуитет во ставовите. Вие имате многу проблеми во високото обрзование кои треба да ги решавате. Зградата на ФИНКИ не е чепната. На Факултетот за физичка култура не сте ставиле цигла. Каде ви е студентскиот град кој го ветивте. Ние не сме против отворање нови факултети, но да видиме што ќе се каже на јавната расправа по вашиот предлог, па тогаш ќе го кажеме нашиот став, рече Данев.

Прочитајте и...  Зоран Милановиќ и официјално е петтиот претседател на Хрватска (ВИДЕО)

Пратеничката Ивана Туфегџиќ се изјасни дека е против ова законско решение и рече дека не може Собранието да решава нелегално работење на факултети.

-Ако сега има проблем со кадри, тогаш како ќе се најдат кадри за четири факултети, праша Туфегџиќ.

Жаклина Лазаревска од СДСМ рече дека ќе се бори за Универзитет во Охрид и потенцира дека нејзината партија не сака да го уништи веќе направеното, туку сака да го спаси.

-Ниту отвораме нов универзитет, ниту затвораме факултети туку сакаме да му помогнеме на „Свети Апостол Павле”, рече Лазаревска.

Благица Ласовска од ВМРО- ДПМНЕ истакна дека темата е сериозна и не треба да се политизира туку треба да се најде најдоброто решение за Универзитетот. Таа во име на пратеничката група рече дека се уште немаат став, туку тој ќе го изградат по јавната расправа, откако ќе се слушнат забелешките на сите засеганти, и студенти и професори.

-Треба да се мисли на финансиските импликации и дали има кадар кој ќе го штити културното наследство, истакна Ласовска.

Прочитај повеќе

Чулев: Воопшто не размислувам за поднесување на оставка

Слободен печат

Манчевски: Главен проблем кај медиумите е ширење на лажни вести

Слободен печат

ЈО отвори истрага за недостиг на патни исправи

Слободен печат

Техничките и дополнителните министри на ВМРО-ДПМНЕ утре ќе ја напуштат Владата?

Слободен печат

Спасовски и Столтенберг во Брисел: Членството во НАТО, резултат на исполнети критериуми и стандарди

Слободен печат

Спасовски: Нашите пријатели во Брисел ги делат со нас очекувањата за официјализирање на членството во НАТО

Слободен печат

Остави Коментар

пет × 5 =

Прочитај повеќе

Издадени осум сериозни предупредувања за поплави во Британија

Слободен печат

Милановиќ при заклетвата ја парафразирал култната белградска група ЕКВ

Слободен печат

Пешева од „Анима Мунди“: Стапката на усмртување на кучиња ќе биде висока (ВИДЕО)

Европската комисија го предупреди Зукерберг да ги регулира содржините во кои има омраза

Слободен печат

Втора пратка медицинска помош од Германија за Кина

Слободен печат

Ќе се збогати ли политичката понуда во Македонија?

Слободен печат