Собранието официјално го прими Предлогот за нови министри

Собрание / фото: Влада на РСМ

Премиерот Зоран Заев го доставил предлогот за избор на нови министри во Владата до претседателот на Собранието Талат Џафери, информираат од Кабинетот на претседателот на Собранието.

– Претседателот на Собранието го прими Предлогот и веднаш ќе го достави до сите пратеници, наведуваат од неговиот кабинет.

Дополнително ќе биде соопштен датумот за одржување на седницата.

Премиерот Заев, порано, денеска од Валандово, соопшти дека во Собранието ќе достави предлог за избор на Трајан Димковски за нов министер за земјоделство, Насер Нуредини за животна средина и просторно планирање, Хусни Исмаили за култура, Горан Милевски за локална самоуправа и Садула Дураки за политички систем и односи меѓу заедниците. Обврската министер за финансии кажа дека ќе ја преземе лично тој, посочувајќи дека ќе ја извршува функцијата во определен период заедно со функцијата претседател на Владата.

Очекува собраниската седница за избор на новите министри да се одржи следната недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот