Собранието ќе ја одржи 91. седница

Седница на собранието / Фото: Слободен печат

Собранието денеска треба да ја одржи 91 седница на чиј дневен ред се неколку предлог-закони за ратификации на договори, законски решенија од финансиската сфера, Извештајот на европската комисија за земјава за 2022, како и одлуки за испраќање на војници на Армијата во мисии во странство.

Меѓу останатите, пратениците ќе расправаат за предлозите на закони за ратификација на Договорот за соработка помеѓу земјите од Западен Балкан од областа на меѓусебното признавање на дипломи и научни степени издадени од високообразовни институции и други овластени институции, на Договорот за соработка во заштита од катастрофи во Западен Балкан, на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на Министри на Република Албанија, Советот на Министри на Босна и Херцеговина, Владата на Црна Гора, Владата на Република Србија и Владата на Република Словенија во врска со аранжманите на земјата домаќин за статусот на Постојаната организација на Балкански медицински наменски сили и нејзиниот персонал и Договорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Косово за соработка во областа на дијаспората.

На дневниот ред на седницата е и Дополнетиот предлог на закон за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство, како и предлог законите за субвенциониран студентски оброк, за изменување и дополнување на законите за даночна постапка, за регистрирање на готовински плаќања, за придонеси од задолжително социјално осигурување, за ревизија на инструментот за претпристапна помош (ИПА), за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, за акцизите, како и за платниот промет.

Пратениците ќе расправаат и за предлозите на закон за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и за прогласување на Студенчишко Блато за Парк на природата, како и за Информацијата за состојбите на Охридското Езеро.

На дневниот ред на 91-та седница е и Интерпелацијата за работата на претседателката на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Марија Георгиевска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот