Собранието ќе избира потпретседател, а ќе го разгледа и Извештајот на ЕК за 2019

Пратениците на денешната 116. седница треба да изберат потпретседател на Собранието на Република Македонија, по што ќе ја одржат 111. седница на чиј дневен ред е Извештајот на Европската комисија за 2019 година и дел од Стратегијата за проширување што се однесува на Република Македонија.

За нов потпретседател од страна на пратеници од ДУИ и СДСМ е предложен Зеќир Рамчиловиќ, кој од 1 ноември во Парламентот функционира како независен пратеник. Рамчиловиќ на местото потпретседател на Собранието доаѓа по оставката на Весел Мемеди.

Според најавата од претседателот на Собранието Талат Џафери денеска доколку има услови зависно од текот на седницата, во определен момент ќе биде прекината 116. седница и ќе продолжи 111.седница, на која треба да се гласа и за Предлог законот за академија за судии и јавни обвинители, во прво читање.

На оваа седница пратениците ќе расправаат и за Годишниот извештај на Народниот правобранител за следењето на примената на начелото на соодветна и правична застапеност за 2018 година.

На агендата на седницата се и неколку барања за давање автентично толкување на различни законски решенија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот