Собранието ќе има мнозинство за гласање

Претседателот на Собранието Талат Џафери на средбата со новинарите изјави дека очекува мнозинство на 22 седница што треба да започне денеска за изгласување на потребата за носење на дополнувањето на собранискиот Деловникот за работа.

Потоа треба да заседава Комисијата за деловничко мандатни прашања, која треба да го разгледа, како и евентуалните амандмани.

Џафери вели дека засега нема најави од опозицијата за амандмани на дополнувањето, но вели дека ќе се остави доволно време доколку има потреба за такво нешто.

Опозицијата, вели тој, се повикува на членот 69 од Уставот, но не кажува дека има амандман на тој член во кој се наведува дека Собранието може да одлучува ако на седницата присуствува мнозинство од вкупниот број пратеници. Собранието одлучува со мнозинство гласови од присутните пратеници, а најмалку со една третина од вкупниот број пратеници, ако со Уставот не е предвидено посебно мнозинство. Во третиот став од амандманот, нагласува Џафери, стои дека со овој амандман се заменува членот 69 од Уставот.

Целта на дополнувањето на Деловникот, како што вели, е пратениците да се вклучат онлајн доколку имаат решение за изолација и доколку се двајца, тројца или петмина, а не целото Собрание да работи онлајн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот