Собранието ги констатира оставките на пратениците Дурловски, Бајрами, Зеќири и Лукаревска

Собранието на денешната седница констатира оставки на четворица пратеници, и тоа на пратеникот Игор Дурловски, кој доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на Бајрам Реџепи од ДУИ и на двајца парламентарци од СДСМ, Мухамед Зеќири и Сања Лукаревска.

Ниту еден од пратениците не ја образложи својата оставката пред Парламентот.

Претседателот на Собранието Талат Џафери ја повика Државната изборна комисија да го извести Парламентот за кандидатите за пратеници кои се следни на листите од кои беа избрани Дурловски, Бајрами, Зеќири и Лукаревска за на новите пратеници да им се верифицира мандатот.

Дурловски минатата недела на Фејсбук ја извести јавноста дека го напушта Собранието.

-Тоа што го зборував не можам да го направам, но сега нема да зборувам а ќе продолжам да го правам! Останувам доследен на моите поддржувачи и нивниот глас. Нека ни е честит денот на македонската револуционерна борба- стои во објавата на Дурловски.

Дурловски го напушта Собранието

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот