Собранието ги донесе Законите за младински додаток и за енергетска ефикасност - Слободен печат

Собранието ги донесе Законите за младински додаток и за енергетска ефикасност

Парите за младински додаток  ќе се обезбедат од Агенцијата за вработување, а месечно за оваа мерка се предвидени 13.200.000 денари.

Собранието вечерва го донесе Законот за младински додаток по скратена постапка, кој предвидува на млади до 23 години по завршување на средно образование да им се доделуваат по 3.000 денари за работа во производството.

Целта е да се стимулира запишување во средни стручни училишта и поттикнување на вработувањето во производството или поддршка за младите што се вработени во производните области.  Парите за младински додаток  ќе се обезбедат од Агенцијата за вработување, а месечно за оваа мерка се предвидени 13.200.000 денари. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за законот.

Пратениците го оценија како прифатлив Предлог-законот за енергетска ефикасност кој е проследен во натамошно, второ читање. Законот е со европско знаменце зашто предвидува нашата земја да се обврзе да транспонира две директиви од ЕУ – за енергетска ефикасност и за енергетски карактеристики на зградите.

Прочитајте и...  Брнс го поздрави успехот што за три години го оствари досегашниот парламентарен состав

Според сегашната состојба во законодавството, постои бариера за имплементација на мерки за енергетската ефикасност во државата, односно во 2014 година  беше одложена обврската за издавање сертификати за енергетска ефикасност кај јавните згради и издавање сертификати за енергетска ефикасност при купопродажба или при давање под закуп на постојни згради кои се користат во резиденцијалниот сектор до денот на членството на Македонија во ЕУ.

Ова решение го попречи пазарот на енергетските услуги, иако приближно 300 енергетски контролори посетиле обуки и положиле испити, по што се стекнале со овластување за вршење енергетска контрола и соодветно на тоа приближно 80 компании се стекнале со лиценца за вршење енергетска контрола. Со новиот Закон за енергетска ефикасност,  меѓу другото,  треба да се надмине таа бариера.

Прочитајте и...  Фон дер Лајен-Спасовски: Исполнети високите очекувања што ги постави Европската комисија

Прочитај повеќе

Шахин: До крајот на месецот ќе биде потпишан Мировниот договор помеѓу талибанците и САД

Слободен печат

Најпрометниот европски аеродром „Хотроу“ се соочува со потешкотии

Слободен печат

Белгија нема да ги екстрадира европратениците Пуџдемон и Комин во Шпанија

Слободен печат

Излекуваните од коронавирус да донираат крв, повикуваат здравствените работници

Слободен печат

Зекири: Не смееме да се јавуваме по судии и да бараме услуга

Слободен печат

Основачот на „Амазон“ ќе донира 10 милијарди долари за борба против климатските промени

Слободен печат

Остави Коментар

четири × четири =

Прочитај повеќе

ЕДИ РАМА НЕ МОЖЕ ДА ЈА СОКРИЕ РАДОСТА: За Албанија собрани 1,15 милијарди евра

Слободен печат

ЕУ и додели на Албанија 100 милиони евра, Велика Британија милион фунти, а Шведска 5,6 милиони евра

Слободен печат

Николовски: Објавените докази од ПИ Мерките за „Рекет” доказ за вмешаност на власта

Слободен печат

ЗАСТРАШУВАЧКИ ПРОЦЕНКИ НА ОН: Половина милион луѓе во Лесото ќе гладуваат поради сушата

Слободен печат

КАМИОН ЛАДИЛНИК со 15 мигранти откриен на бугарска граница, уапсени двајца Грци

Слободен печат

Два авиони за евакуација слетаа во Калифорнија, 14 лица позитивни на коронавирус

Слободен печат