Собранието денеска ќе одржи седница за измените на законите за основно и средно образование

Собранието денеска треба да ја одржи 12. седница на која на дневен ред се измените и дополнувањата на законите за основно и за средно образование, по скратена постапка, како и одлука за испраќање на припадник на Армијата во меѓународната операција во Либан.

Во услови на вонредни околности учебната година да може да започне и да заврши во различно време за што треба да одлучи Владата, предвидуваат измените и дополнувањата на законите за основно и за средно образование, по скратена постапка. Како вонредни околности, во законите, се наведуваат прогласена кризна состојба, прогласена епидемија, односно пандемија, пожари, поплави или други големи природни непогоди.

Со овие измени на законите за основно и средно, чиј предлагач е Владата, се предвидува во услови на вонредни околности учебната година да може да започне и да заврши во различно време за што одлучува Владата, а одлуката на Владата може да се однесува на целата територија на републиката или на нејзин дел.

Прочитајте и...  Вучиќ на средбата со делагација на Светска банка и за „мини Шенген"

-Се додава и нов став 5, кој уредува дека во услови на вонредни околности бројот на наставните денови во учебната година може да биде помал од 180, но не помалку од 100 наставни денови, за што одлучува Владата. Ставот 6 станува став 9 и се регулира дека воспитно – образовната работа не смее да се прекинува во текот на наставната година, освен во случај на настапување на вонредни околности (прогласена кризна состојба, прогласена епидемија, односно пандемија, пожари, поплави или други големи природни непогоди), за што одлучува Владата која го уредува начинот на организирање и реализирање на наставата до крајот на учебната година, но не помалку од 100 наставни денови, според скратени наставни програми, кои на предлог на Бирото, ги утврдува министерот, се наведува, меѓу другото, во образложението на измените на Законот за основно образование.

Прочитајте и...  СОНК: Недостасуваат најмалку 300 наставници за да почне целодневната настава

Исто така се предвидува во услови на вонредни околности училиштата да организираат воннаставни активности за учениците поврзани со нивниот личен, социо-емоционален и психолошки развој. За учеството во овие воннаставни активности во вонредни околности се предвидува наставникот да води само евиденција за присуство на учениците, и не се издава додаток на сведителство.

Во основното училиште во услови на вонредни околности, кога наставата е организирана преку далечинско учење, може да се организира настава со физичко присуство на учениците доколку се исполнети критериумите и условите согласно здравствените протоколи за соодветниот вид на училиште донесени од Владата согласно закон, епидемиолошката состојба на подрачјето на општината на која се наоѓа училиштето, бројот на учениците во паралелката и просторните и хигиенско санитарните услови во училиштето, на начин согласно членот 50 од овој закон.

Прочитајте и...  Алармантно во Москва, неделно во болница завршуваат по 5.000 заразени од ковид-19

Во средните училишта ќе може да се организира настава со физичко присуство на учениците или преку далечинско учење, со примена на средства за електронска комуникација.

Во вакви околности, како што се предвидува, за времетраењето на часот и за максималната бројка на ученици во паралелките во основното и во средното образование ќе одлучува исто така Владата.

Пред пленарната, седници ќе одржат Комисијата за одбрана и безбедност, која треба да ја потврди одлуката за испраќање војник во мисијата во Либан, и Законодавно-правната комисија.

Прочитај повеќе

Заев на 8 октомври на средба со Столтенберг во седиштето на НАТО

Слободен печат

Полскиот министер за здравство со предупредување до нацијата: Можна е ескалација на пандемијата

Слободен печат

Рот со порака до Димитров: Ги исполнивте условите, преговорите треба да почнат што побргу

Слободен печат

Црна Гора: Почна новата учебна година под посебни епидемиолошки мерки

Слободен печат

Роденденско изненадување во Берлин: Михаел Рот го пречека Димитров со торта и свеќичка (ВИДЕО)

Слободен печат

Решение на Општина Центар: Рок од три дена за отстранување на челичната конструкција пред гостилницата „Аманет”

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Нема закон за вонредна состојба, затоа има разногласие околу уредбите

Весна Тодоровска

ВМРО-ДПМНЕ на мисла да иницира постапка за импичмент на претседателот Пендаровски

Слободен печат

Песков во име на Путин: Тврдењата на Навални се навредливи и неприфатливи

Слободен печат

Иран на секои 23 секунди пријавува нов случај на коронавирус

Слободен печат

И стар автомобил не може да се купи без кредит

Весна Дамчевска

Меркел: Дипломатијата е решение за проблемите на ЕУ со Турција

Слободен печат