Собранието денеска ќе одржи продолжение на две седници

Собрание на РС Македонија / Фото: СП. архива

Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да одржи продолжение на две седници. Најавено е продолжение на 20-тата и 21-та седница.

На 20-та седница на дневен ред се Предлог закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор и Предлогот на закон за решавање на спорот меѓу Владата и Макпетрол АД Скопје по пат на спогодба, двата по скратена постапка. На оваа седница се и Предлог-измените на Законот за Централен регистар, измените на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам и измените на Законот за издавање на обврзници за денационализација, сите во прво читање, како и Предлогот за избор на судија на Уставниот суд.

Во рамки на 21-та седница, пратениците треба да расправаат по повеќе предлог-одлуки за објавување јавни огласи за именување членови на државни комисии, поднесени од пратеници, како и за Предлог на закон за дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа и за Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за градење, по скратена постапка, двата по скратена постапка. На дневен ред се и Предлог измените на законите за студентскиот и ученичкиот стандард, измените на Законот за домување, измените на Законот за железнички систем, на Законот за поштенските услуги, Законот за комуналните дејности …..

Во рамки на оваа седница на дневен ред се и Предлог на закон за дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за високото образование, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за административни службеници и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот внатрешни работи, сите во прво читање и поднесени од пратеници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот