5 C
Скопје

Собранието без кворум: Пратеникот Каевски позитивен на ковид, ВМРО-ДПМНЕ не доаѓа на седница

Пратеникот на СДСМ и претседател на младинската организација Дарко Каевски е пратеникот кој е позитивен од коронавирус, потврдуваат од владејачкото мнозинство за „Слободен печат“. Тестот на вториот пратеник кој се сомневал дека е заболен од ковид -19 бил негативен и затоа велат од таму е некоректно да го објавуваме неговото име.

Пратеникот Каевски и на својот фејбук објави дека е заболен од коронавирус.

„Другари и другарки, по првичните благи симптоми кои ги имав во петокот направив брз тест кој што беше негативен, но и покрај тоа направив уште еден ПЦР тест за ковид-19 и резултатот е позитивен. Се чувствувам добро и сум со поблаги симптоми. Во изминатиот период бев максимално внимателен и ги почитував мерките од комисијата за заразни болести и министерството за здравство. Но, вирусот не прашува, така да, што е тука е и ова ќе помине. Во наредниот период останувам во самоизолација. Чувајте се почитувајте ги препораките и останете во добро здравје, напиша Каевски.

Прочитајте и...  Бразил: Најголем број заразени со ковид-19 во последните два месеца

По отсуството на двајцата пратеници од владејачкото мнозинство денешната собраниска седница не можеше да стартува, иако според информации на „Слободен печат“, минатата недела паднал договор мегу владејачкото мнозинство и ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница да се најде и интерпелацијата на вицепремиерот за европски прашања и Законот за лекови поврзани со вакцинацијата против ковид- 19.

За владејачкото мнозинство неразбирливо е како може опозицијата да не влезе на седница на која треба да се најде интерпелација за Димитров која е по нивно барање. Според координаторот на СДСМ, Јован Митрески отсуството на двајца нивни пратеници е причината што не може да се обезбеди кворум. Ја обвини опозицијата дека со денешното неприсуство на седницата покажува недржавничко однесување бидејќи на седницата е и законот за лекови со кој треба да се обезбеди имунизацијата.

Прочитајте и...  На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 517 пациенти, слободни кревети има

-Опозицијата има други интереси, теснопартиски и лични, за да се прикаже државата во лошо светло, поради што трпат институциите и државата, рече Митрески.

Од друга страна пак координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, смета дека неприсуството на опозицијата на седницата е резултат на, како што рече, недемократското однесување на мнозинството во Парламентот.

-Опозицијата е цело време во Собранието и ќе ви дишеме цело време во врат се додека се обидувате на ваков начин да ја преставите демократијата во Република Македонија. За жал имаме позитивен колега и колега кој очекува резултати на кои им посакувам добро здравје и побрзо враќање во пратеничките клупи, но она што го зборуваме од почетокот се покажува на дело, затоа што со 62 пратеника се однесувате како да имате 100, рече Мицевски.

Прочитајте и...  Денеска се слави преподобен Еразмо, монах Печерски

Поврзани вести

ВИДЕО: Кинеските регулатори ја истражуваат тепачката меѓу пилот и стрјуард: Едниот заврши со скршена рака, а другиот со скршен заб

Слободен печат

Издавачката куќа „Арс Ламина“ донираше книги на членките на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ

Слободен печат

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 546 пациенти, слободни кревети има

Слободен печат

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 43 пациенти, а вкупно се лекуваaт 353 болни, сомнителни и потврдени за ковид-19

Слободен печат

Бугарија под присмотра за корупција до 2026

Ангеловска-Бежоска: Со поголема вклученост на жените до поголем потенцијал на економиите

Слободен печат

Остави Коментар