Собрание: Закажани седници на четири комисии

Во Собранието на Република Северна Македонија за денеска се закажани седници на неколку комисии.

Според информации на веб страницата на Собранието, најавени се седници на Комисијата за транспорт, врски и екологија, на Комисијата за финансирање и буџет, на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и на Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се предлог-измените на Законот за судски такси и на Законот за заштита на укажувачи, двата во второ читање.

Комисијата за финансирање и буџет ќе треба да расправа по Предлог-одлуката за одржување на надзорна расправа за утврдување на причините и извршувањето на законите во постапката за доведување до стечај на „Еуростандард банка”. На дневен ред на оваа комисија се и годишните извештаи на Комисијата за хартии од вредност и на Агенцијата за супервизија на осигурувањето.

Прочитајте и...  КАТАСТРОФАЛНИ БРОЈКИ ВО ГРЦИЈА: 121 починат пациент од ковид-19 во последните 24 часа

Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе ги разгледа измените на Законот за интероперабилност во железничкиот систем и на Законот за жичници и ски-лифтови, двата во прво читање, како и измените на Законот за автокампови и на Законот за скијалишта, двата во второ читање.

Законодавно-правната комисија ќе расправа по законите кои се на дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и на Комисијата за транспорт, врски и екологија.

Поврзани вести

Нови 1022 позитивни случаи на ковид-19 во земјава, починати се 41 лице

Слободен печат

Хрватска: Уапсен сопственик на ноќен клуб поради ширење на ковид-19

Слободен печат

Демонстрантите во Полска не се откажуваат од барањето за измена на Законот за абортус

Слободен печат

Семејното насилство во Грција: Насилниците ретко одат во затвор

Слободен печат

АПСЕЊА ВО ЛОНДОН: 60 лица лишени од слобода на протестите против карантинот (ВИДЕО)

Слободен печат

Србија возврати, го протерува Тарзан Милошевиќ, црногорскиот амбасадор во Белград

Слободен печат

Остави Коментар

MacedonianAlbanian